Изложба на дела од Борко Лазески во Галерија „Остен“

По повод триесет години од смртта на Борко Лазески, во Галерија „Остен“ ќе се одржи изложба на дела од македонскиот уметник, изработени за време на неговиот престој во Париз, поточно во ателјето на Андре Лот.

Изложбата официјално ќе биде отворена на 20 декември во 19 часот. Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари.

Борко Лазески (1917 – 1993) е македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Град Мексико. Исто така, тој е автор на повеќе мозаици.