Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје

Од Град Скопје известуваат дела продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје.

Оттаму нагласуваат дека кај дивата депоника во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 метри кубни на смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација.

„Исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни. Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506m2 со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар“, велат од Град Скопје, додавајќи дека неселективно ќе се постапува кон сите.

Претходно, од јавното претпријатие „Комунална хигиена“, известија дека на подрачјето на градот Скопје, минатата година, екипите отстраниле околу 11.000 кубни метри отпад од диви депонии, создадени од несовесно одлагање отпад од поединци и правни субјекти.

Минатата година собрани околу 11.000 кубици отпад од диви депонии во Скопје