Второ издание на Скопски градски фестивал денеска во Домот на Армијата

Со почеток во 19 часот, денеска, 16 октомври ќе се одржи второто издание на Скопски градски фестивал во Домот на Армијата, во организација на „Баги комуникации“.

На фестивалот превидено е да настапи групата „Zulu 3.4“ која ќе го промовира својот нов албум насловен „Fragments“. Исто така, предвиден е настап на дуото Атанасовски Хаџиманов, односно на Васко Атанаовски кој е водечки словенечки и европски саксофонист и најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано Васил Хаџиманов.

Дополнително, на Скопски градски фестивал ќе настапи и водечкиот грчки музичар Танос Ставридис кој ќе го промовира неговиот нов албум „Spicey Margarita“, прогласен за еден од најдобрите европски светски музички албуми в0 2021 година.

Влезот е бесплатен, но организаторите посочуваат дека за публиката е потребна потврда за вакцинација.