Изложба на цртежи на сириски пар, направени за време на престојот во прифатниот центар Винојуг

Утре во Кинотека на Република Македонија ќе биде отворена изложбата со цртежи со наслов „Бегство за подобро утре“, дело на сирискиот пар Шерго Муса и Назли Абду, а создадено за време на нивниот престој со децата во Прифатниот и транзитен центар Винојуг.

Изложбата ќе биде отворена во 12 часот и ќе може да се посети до 25 јануари. Таа е организирана од Претставништвото на УНХЦР Скопје и Центарот за управување со кризи, а куратор е академската сликарка Маја Стефановска.

Претставникот на УНХЦР Скопје, Мохамад Ариф и Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, ќе ја отворат изложбата во присуство на двајцата уметници од Сирија.