Изложба „Младите бараат“ на 16 декември во Младинскиот центар „Сакам да знам“

На 16 декември, со почеток во 17 часот, тимот на #ХЕРАмлади и #СексиМаало организираат изложба по повод #МладитеБараат пристапна и достапна контрацепција за промоција на здравје, за промоција на човековите права и за афирмирање на доброволниот сексуален однос чија цел е сексуално задоволство.

„Пристапноста и достапноста на контрацепцијата значи унапредување на правото на живот, правото на здравје, правото на приватност, овозможување на родова еднаквост и унапредување на пристапот до модерни технолошки достигнувања. Но, според нашиот ланскиот проект, нема никаква промена во нејзината достапност и пристапност“, велат од ХЕРА млади.

Затоа, велат тие, ја организираат оваа изложба која ќе се одржи на 16 декември во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно.

„Дојдете и заедно со нас покренете ја свеста за важноста на контрацепција! Доколку сакате да присуствувате на отварањето пополнете ја оваа гугл форма! Следете нѐ оваа недела за сите известувања, за инфо за артистката, музичката пауза и многу други кул активности!“, се вели во соопштението на ХЕРА млади.

Истовремено, напоменуваат дека на настанот ќе се запазат сите Ковид-19 мерки.

„И покрај тоа што ќе биде возможно да присуствувате на отварањето на изложбата, можете и да нѐ следите онлајн во живо на инстаграмот @heramladi и подоцна на страната на Фејсбук Секси Маало“, соопштуваат од ХЕРА млади.