„ИСКРА“ во МКЦ

Овој петок, составот „ИСКРА“ ќе настапи во Младинскиот културен центар, а концерот ќе може да се следи и онлајн.  Концертот, кој ќе започне во 21 часот, ќе може да се следи на Фејсбук страната на МКЦ.

Составот кој се оформи во 2019 година, тврди дека звуците на нивната музика доаѓаат од „2088/89, плус-минус 100-тина години“.  Тие оваа година го издадоа својот прв албум, прв албум – „АКТ01“.

„ИСКРА“ доаѓаат од Скопје и раскажуваат за градот еден век подоцна, како музички, така и визуелно.

[Видео] Слушнете ги „Искра“ – спој на естетика и амбиентална музика