Иранките по 40 години добија можност да следат фудбал на стадион

За првпат по 40 години, Иранките добија шанси да влезат на „Националниот стадион“ во Техеран за да гледаат фудбал. Нивниот тим во мечот против Камбоџа победи со резултат 14:0.

На жените им беше забрането да гледаат машки фудбал по Исламската револуција во 1979 година. Под притисок на ФИФА, иранските власти дозволија да се продаваат билети за жени, но во посебен оддел на стадионот, наместо со своите семејства.

Првичните 3.500 билети за жените, кои беа достапни за продажба за натпреварот беа распродадени за помалку од еден час, по што беа пуштени дополнителни 1.100 билети за квалификациите за Светскиот куп.

Иранските власти попуштија под притисоот на ФИФА откако минатиот месец почина Сахар Ходајари, која се запали во знак на протест откако беше уапсена обидувајќи се да влезе на фудбалски меч на популарниот клуб Естеглал.