Интерактивната претстава „Пред да умреш“ вечерва на Скупи фестивал

„Пред да умреш“, интерактивната претстава на унгарската продукција Стерео Акт, ќе се прикаже вечерва во Младинскиот културен центар во рамки на МТФ Скупи фестивал.

Претставата го поставува прашањето „кои се вашите неостварени соништа?“ и го предизвикува гледачот да размисли за нештата кои би сакал да ги направи пред да умре, соопштуваат од фестивалот.

pred-da-umres-2

Сцена од „Пред да умреш“

СтереоАкт се млада компанија од Унгарија, која со својот невообичаен стил на гледачот му даваат активна улога во текот на претставата. Кај СтереоАкт, вели организаторот, театарот е настан, гледачот учесник, а во основата лежи средбата помеѓу реалноста на гледачот и имагинацијата на авторот. Нивните претстави се платформа во која гледачите добиваат прилика да дискутираат за своите лични интереси, секојдневието кое ги опкружува, или општеството во кое живеат.

Претставата почнува во 20 часот, а билетите по цена од 150 денари можат да се купат на билетарницата на МКЦ, или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

МТФ „Скупи Фестивал“ е поддржан од Министерството за култура на РМ и Градот Скопје.