Индија „увезе“ гепарди од Африка за да го обнови изумрениот вид што живеел во земјата

Дванаесет гепарди беа пренесени во Индија, откако во 2022 во земјата беа испратени и осум единки од Набимија, јавува „СиЕнЕн“.

Првите 12 гепарди пристигнаа од Јоханесбург месецов, вели Министерството за животна средина на Јужноафриканската Република, која го потпиша договорот со Индија за зголемување на популацијата на гепардите во земјата.

Гепардите во Индија изумреле во 1952 година, а според индиското Министерство за животна средина, тоа е резултат на губењето на живеалиштата и нивното засилено ловење.

Дваесетте гепарди ќе живеат во Националниот парк „Куно“ во централна Индија. Соработката помеѓу Индија и африканските земји цели да се обнови видот кој бил истребен од земјата поради човечки фактори.

Иницијативата ќе ја „прошири мета-популацијата на гепардите и повторно ќе ги воведе во поранешната држава по нивното локално истребување поради прекумерен лов и губење на живеалиштата во минатиот век“, се вели во соопштението.

Сите 12 гепарди се родени во дивина, се вели во соопштението, и се запознати со нивните природни предатори.

Денес, гепардите можат да се најдат во јужна и источна Африка, поконкретно во Набимија, Боцвана, Кенија и Танзанија.

Но, претходно, единките живееле на поголема територија и можеле да се сретнат и во Блискиот Исток, централна Индија и Суб-сахарска Африка. Губењето на живеалиштата, ловот и човечките влијанија значително ја намалиле популацијата на гепардите.

Моментално, на светот живеат помалку од 7000 единки од гепардот, велaт од  Светскиoт фонд за природата.