„Синедејс“ објави конкурс за тимови од млади учесници кои ќе снимат кратки видеа на еко-тема

Филмскиот фестивал „Синдејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години кои може да се пријават како тимови од 3 до 5 учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема.

Во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, учесниците имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, снимат и монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор.

Заинтересираните можат да бидат со или без претходно познавање на техники за снимање.

Рокот за пријавување е до 10 јуни 2021 до 16 часот.

Што може да се очекува од работилницата?

  • Датуми за резиденцијален престој во Скопје во времетраење од 5 дена во периодот од 10 до 20 јули (датумите ќе се прецизираат по завршувањето на Конкурсот);
  • Покриени трошоци за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот;
  • Влечење ждрепка на одредена еколошка тема по која започнува истекот на рокот од 72 часа за снимање и продуцирање на видеото;
  • Презентација на снимените видеа на групна проекција за време на фестивалските дати и гласање за најдоброто видео;
  • Награди за целата екипа од најдобриот филм, од фондот на настани во МКЦ;

Координатор на проектот и лице за контакт е Емилија Чочкова, email: office2@cinedays.com.mk