Стадото залутани слонови од Кина се враќаат дома

По седумнаесетмесечно патување кое ги освои светските медиуми, познатото стадо слонови од Кина конечно се враќаат дома, пренесува „Гардијан“.

Четиринаесетте залутани слонови на различна возраст и големина биле водени долж коритото на реката Јанџијанг, а направен е и пат за тие да се вратат во своето природно живеалиште.

Вчеравечер, стадото се наоѓало на скоро 200 километри од резерватот.

Враќањето на слоновите го заокружува нивното патување долго скоро 500 километри – Одисеја која ја воодушеви земјата. Најзначајните моменти за стадото го вклучуваат раѓањето на слончето Пуер, нивната несмасност што предизвика штета од 1.07 американски долари, како и станување на онлајн интернет сензации.

Во јуни, дронска снимка покажа како стадото слонови спие во шума надвор од населено место. Кога слоновите повторно тргнале на пат, повеќе од 410 лица за итни случаи, 374 возила и 14 дронови биле распоредени со повеќе од два тони храна за слонови.

Слоновите исто така биле надгледувани и чувани надвор од населени места од тим на осум лица, кои ги следеле земјено и со дрон 24 часа на ден.

Локалните зоолози немаат претпоставка зошто стадото слонови решило да се сели.

Женг Ли, професор на Универзитетот во Пекинг, изјавил дека големите градежни потфати ги тераат слоновите во изолација.

Ова значи дека просторите помеѓу слоновите и луѓето полека исчезнуваат, а се зголемуваат шансите дека дивите животни се’ повеќе ќе се сретнуваат со луѓето

Стадото слонови ги освои сите со нивната несмасност, но локалците на селата посетени од стадото се жалат дека тие изеле цели полиња пченка и неколку камиони ананаси. Еден локалец за медиумите споделил дека шест слонови испиле два тони вода од неговата продавница.

Слоновите исто така се употребувале и за државна пропаганда, каде слоновите во медиумите биле дел од сторија со наслов „Кинеската грижа за изгубените слонони ја претставува државата во најслатка смисла, слика за Кина која западот не може да ја спинува“.