Јавни критики кон Кина откако се отвори хотел со поларни мечки

Хотелот нуди 21 соба со директен поглед кон поларни мечки. Хотелот е дел од „Харбин Поларленд“ во Кина, а истовремено е прв хотел кој користи загросени животински видови како украси.

„Без разлика дали јадете, играте или спиете, поларните мечки ќе ви прават друштво“, се вели во една од рекламите за хотелот.

Слики и видео материјали од кинеските медиуми прикажале како поларните мечки живеат во ужасни услови, опкружени со силни рефлектори, вештачки мраз и мали водни површини.

Јанг Ли, портпарол за „Харбин Поларленд“, за „Ројтерс“ изјавил дека на поларните мечки би им било дозволено да излезат надвор од стаклениците кога квалитетот на воздухот и температурите би го дозволиле тоа.

Хотелот бил целосно резервиран за време на тест периодот, а цената за преноќување во една од собите се движи од 208 до 22 фунти за преноќување.

Организациите за правата на животните остро реагирале кон бизнис моделот кој ги одвојува животните од нивното природно живеалиште и ги затвора во стаклени аквариуми.

„Поларните мечки припаѓаат на Арктикот, не во зоолошки градини или стаклени аквариуми, а поготово не во хотели. Поларните мечки се активни 18 часа од денот, тие поминуваат илјадници километри барајќи храна и уживајќи во животот“, изјавил Џејсон Бејкер, заменик претседателот на „ПЕТА“.

Според портпаролот на кинеската Мрежа за заштита на животни кој барал да остане анонимен, дупките во законот за заштита на дивите животни дозволува бизнисите да ги експлоатираат животните.

Извор: Independent