Двојките во Кина сега може да имаат до три деца

Кина им дозволи на двојките да имаат до три деца, со цел да се зголеми наталитетот, пренесува „Ал Џазира Балканс“. Оваа регулатива е една од неколкуте усвоени на состанокот на водечките државни застапници од Националниот народен конгрес.

Пекинг уште во мај најави дека ќе им овозможи на паровите да имаат до три деца. Одлуката сега стана официјална, заедно со неколку резолуции насочени кон зголемување на наталитетот и „намалување на товарот“ за одгледување деца.

Меѓу резолуциите е и укинувањето на паричната казна која паровите мора да ја платат доколку имаат повеќе деца од дозволеното, што ќе им овозможи на локалните власти да понудат породилно отсуство, да ги зголемат правата на жените на работното место и да ја зајакнат инфраструктурата за предучилишна инфраструктура.

Инаку, најновите податоци покажаа дека има голем пад во наталитетот.

Пред пет години, Кина ја укина децениската политика која им дозволуваше на паровите да имаат само едно дете, со која им дозволи на двојките да имаат до две деца, но тоа не помогна да се зголеми бројот на родени деца.

Големите трошоци за одгледувањето деца во градовите одврати многу двојки од Кина да имаат по две деца.