И покрај траумите од војната, сириските деца во Турција сонуваат за домот

Кога деветгодишната Ilaf Hassun нацрталa цртеж од нејзиниот дом, на него имало едноставна куќа, дрвја и облаци со насмеани лица. Потоа, со црвениот фломастер додала фигура на жена, која го држи своето мртво дете одејќи гробишта.

Конфликтот во Сирија остави стотици илјади мртви, милиони лица во егзил и имаше големо влијание врз децата, кои ги загубија своите домови или беа сведоци на крвопролевањето.

Hassun и нејзиното семејство живеат со речиси 3 000 други луѓе, 1 000 од нив се помлади од 12 години – во  бегалскиот камп Yayladagi , сместен во поранешна фабрика за тутун , адаптирана од турската владата и се наоѓа на границата со Сирија во источна Турција. Татко и незаконски работи во Турција и ретко ги посетува.

Таа си игра со другите деца, но нејзинте цртежи укажуваат на менталните лузни кај неа и многумина од 2,3 милиони сириски бегалци кои живеат во Турција, од кои повеќе од половината се деца. Обезбедувањето ментална сигурност, како и физичките засолништа, е еден од предизвиците со кои се соочува турските власти.

Ројтерс преку фото приказна од различни кампови во регионот фотофрафираше деца што си играат и нивните цртежи. Сето тоа изгледа многу нормално – едно девојче прескокнува јаже, друго стои пред нејзиниот шатор, некои плетат, играат фудбал.

„Ние мора да најдеме начин и да им дозволиме на овие деца да ја заборават војната и она што тие го доживеале”, вели за Ројтерс Ahmet Lutfi Akar, претседател на турската Црвена полумесечина .

„Овие (деца) растат во логори. Ние треба да ја научиме оваа генерација дека проблемите може да се решаваат без борба и мора да ги избришеме лузните од војната“.

Турската влада, потпомогната од страна на Обединетите нации и невладините организации, направи 27 „пријателски места за деца” низ целата земја, што се користи од страна на околу 100.000 деца на возраст од 4 и 18 години, каде тие добиваат поддршка и едукација, како и шанса да бидат деца. Центрите се најновите напори од страна на властите да го интензивираат нивниот хуманитарен одговор и да обезбедат долгорочна помош за бегалците кои најверојатно нема да бидеат во можност да се вратат назад следните години.

На возраст од 9 години, децата кои зборуваат арапски јазик, почнуваат да учат турски за да им се помогне да се интегрираат.

„Кога пристигнуваат во друга земја, тие имаат проблеми да живеат во различна култура, во свет кој зборува различен јазик”, рече Meryem Оlgun, младински работник. „Тие имаат проблеми со самодовербата, страв. Некои мислат дека се безвредни.”

Најсериозно трауматизираните деца се испраќаат на специјални болници, но остатокот добива поддршка во рамките на камповите.

„Тие цртаат тенкови, воени авиони, мртви луѓе, повредени деца, расплакани мајки. Цртежи се доказ за нивната траума, одраз на нивните внатрешните светови”, вели Оlgun.

Потребата да се обезбеди школување и иднина за сириските деца во Турција, како и да се спречи она што се нарекува “изгубена генерација” , станува висок приоритет.

Работите имаат уште поголемо политичко значење, бидејќи Турција минатата година се согласи да се обиде да го запре приливот на имигранти во Европа, во замена за 3 милијарди евра, со помош на Европската унија и тргање на визниот режим за Турците. Турските власти велат дека имаат потрошено над 8 милијарди како одговар на сириската криза.  Со само 330.000 места на располагање во камповите и многу бегалци,  само мал дел од децата добиваат помош.Системот е пред распаѓање.

Во ноември, Агенцијата за управување со кризи во Турција ги повика раселените Сиријци да останат во кампови во сопствената земја, наместо да преминуваат кон Турција. Многу сириски деца во турските кампови не сонуваат за Европа, па дури ни за Турција, туку за да се вратат во своите домови.

„Ако тие се вратат дома, ќе бидат среќни. Ова е нивното мото”, смета Olgun.

Едно од тие деца е шестгодишниот Gays Cardak. Тој веќе планира да го искористите она што го научил на училиштето во кампот во Турција и да и помогне на својата земја, разурната од речиси петгодишната војна.

„Ќе бидам лекар и инженер. Ние инженерите ќе ја изградиме Сирија, и јас ќе ги однесам војниците во болница“, вели тој, завиткан во една мала зимска јакна.