Хуманитарна акција „Прочитај пријател, запознај книга“ во Јавна соба

Македонскиот старт ап резервирај.мк, Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“- rabotno.mk, во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, организираат хуманитарна акција.

Оние кои сакаат да учествуваат може да донесат книга, училишен прибор или спортска облека, а за возврат да земат книга. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје.

Настанот е закажан за 8 октомври, со почеток од 17 часот.

За забавата ќе се погрижат скопските бендови Chill Play, Bona Dea и Blackout.

„Најважното да не го заборавиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства“, стои во поканата за настанот.