Хуманитарна акција на „Зад аголот“ и македонската графити сцена за поплавените

Скопскиот хип хоп колектив „Зад аголот“, во соработка со македонските графити уметници организираат хуманитарна акција за најзагрозените семејства од поплавите, која ќе се одржи во понеделник (29 август), во Јавна соба со почеток од 21 часот.

Десет графити уметници изработија 100 уникатни омоти на „Зад Шпиунката” и ќе се продаваат заедно во пакет со маички „Зад Аголот“ и стикери, по симболична цена од 500 денари, а секој што сака да даде повеќе ќе може да го стори тоа во кутија за донации.

Уметниците кои ќе бидат дел од хуманитарната акција се Страјк, Pighands, Руки, Драш, Мачка, Микс, Нак47, ИндОг, Гало, Филе.

Исто така, ќе се продаваат и ваучери за тетовирање од Танпа Нама. Вредност на ваучерот е 1000 денари, по цена од 500 денари. За музиката ќе се погрижат сиџеј Гоце, Илич и Драгз .

“Си мојот човек, твојот проблем е и мојот проблем,
Сум твојот човек, мојот проблем е и твојот проблем”, се стиховите со кои „Зад аголот“ повикуваат на настанот.