„Храна, не оружје“ денес повторно на плоштадот „Македонија“

Иницијативата „Храна, не оружје“ (Food not bombs) на плоштадот „Македонија“ од 11:30 часот повторно дели вегетаријанска храна, оброк за кој што сака.

Од иницијативата потенцираат дека секој оброк е со порака и дека не се откажуваат, борбата со храна против оружје продолжува. Сметаат дека храната е право, а не привилегија.

Инаку, интернационалната „Food not bombs“ е основана во 1980 година, а преставува практичен протест против енормното трошење на пари за воени потреби, додека, велат тие, секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад.

„Сржта е да се нахранат гладните, притоа залагање за ненасилство, вегетаријанство, рециклирање храна, како и одлучување со консензус. Ако владите и корпорациите ширум светот трошат подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што се трошат на војни, никој не би бил гладен. На светот има доволно храна за сите, но колку од таа безпотребно се фрла како директна последица на капитализмот и потрошувачкото општество. Вегетаријанската храна воедно е здрава и ненасилна“, соопштува иницијативата.