Холограмски музички фестивал во септември во Скопје

За првпат во Скопје, од 15 до 17 септември ќе се одржи првиот холограмски музички фестивал. „Хало фестивалс“ е прва интернационална тура на холограмски музички фестивали. Иако е македонски проект, концептот го привлече вниманието на европската музичка индустрија па веќе е закажан и втор „Хало фестивал“ во Шведска, во 2018 година.

Како спој од напредна технологија (холограми) и музичката индустрија, фестивалот ќе обединува и групи на креативни граѓани, здруженија, локални фестивали, како и најдобрите ИТ компании од Македонија, најавуваат организаторите. Засега не ја откриваат музичката програма, но најавуваат локални и интернационални артисти чии што настапи ќе бидат во живо и во форма на холограми.

Фестивалот ќе може да се следи на социјалните медиуми и официјалната веб странаица на фестивалот.