Граѓанска еко-акција за чистење на Охрид

Културолошка Иницијатива 5 до 12 во соработка со Чист Охрид, денеска (25 август) организираат еколошка акција за чистење на македонскиот туристички центар.

Акцијата почнува во 18 часот, на Полигонот кај ресторан Европа во Охрид.

Од Чист Охрид преку слика појаснуваа што се ќе се чисти денеска:

На акцијата може да се пријави секој, а организаторите најавија дека за учесниците ќе обезбедат ракавици и вреќи за отпад.