Град во Јапонија изградил споменик од буџетот за КОВИД субвенции

Град на крајбрежјето во Јапонија поттикна јавна критика откако употребил пари од буџетот за олеснување на состојбата од КОВИД-19 за да изгради споменик на џиновска лигња, пренесува „БиБиСи

Статуата долга 13 метри се наоѓа на пристаништето на градот Ното, каде лигњите се локален специјалитет.
Градот начелно потрошил 228.500 илјади долари од итниот фонд за да ја изгради статуата.

Градските власти на Ното за локалните медиуми изјавиле дека статуата е дел од долготрајниот план за враќање на туристите по пандемијата.

Моментално, Јапонија се бори со уште еден силен бран на коронавирусот, а во Токио е прогласена вонредна состојба, трета во државата од почетокот на пандемијата.

Рибарскиот град Ното, има многу мал број на КОВИД случаи, но пандемијата влијаела на туризмот.

Ното се здобил со финансиска помош од 7.3 милиони долари преку националните грантови наменети за итен економски раст, кои треба да им помогнат на градовите кои се погодени од пандемијата, пренесува „Јаху Јапонија“.

Но градските власти одлучиле дел од буџетот да не го искористат за КОВИД субвенции. Дел од граѓаните ја критикувале градската администрација за трошење на пари на споменик од лигња, особено кога пандемијата уште не е завршена.

Жител на Ното за локален весник изјавил дека иако статуата би можела да биде ефективна на подолго време, парите би требало да се употребени за итна помош, како парична помош за медицинските лица или пак за реновирање на медицинските установи.

Портпарол на градските власти изјавил дека статуата ќе стане туристичка атракција и е дел од долготрајна стратегија која ќе помогне при промоцијата на Ното и градскиот специјалитет – лигњата.