Голем гејмерски настан и турнир во Хартстоун на Скопскиот саем

Петдневниот гејмерски настан “Gaming Extravaganza” ќе се одржи следната недела, а неговото финале ќе биде турнир во Хартстоун, соопшти организаторот, Гоблин.

Со поддршка на Скопски саем, на Саемот на книга ќе се одржи петдневен настан, на кој ќе има турнири, презентации на друштвени игри и многу дружење на сите љубители на игрите, велат организаторите.

„Турнирот во Хартстоун ќе биде шлаг на гејмерската торта, кој ќе се одигра во недела, 17 април, а повторно, како и минатиот пат, ќе биде со ограничен број на играчи.

Ова ќе биде четврти Хартстоун турнир кај нас и ќе биде вистинско доживување за сите учесници и гледачи кои ќе дојдат во галеријата на Хала 1 на Скопскиот саем, но само најбрзите 64 играчи ќе можат да учествуваат на овој турнир, на кој главната награда што ја доделуваAnhoch e – Tablet PC Lenovo IdeaTab 2!

Покрај оваа одлична награда, ќе има уште и многу други утешни награди кои ќе ги доделат нашите пријатели од Lynx Animation Studios,Final Frontier Games, Vitalia Healthy food, Гоблин Друштвени Игри, како и од Blizzard, а ќе ги објавиме во деновите до почетокот на турнирот.

Покрај ова, секој учесник на турнирот ќе добие и спцијална позадина на своите карти „Фајрсајд Френдс“, која ќе може да ја користи за сите свои следни партии Хартстоун.

Турнирот во Хартстоун (http://us.battle.net/hearthstone/en/) ќе се одржи на 17 април во галеријата на Хала 1 од Скопскиот саем, во 10 часот. Сите играчи во Македонија на оваа онлајн игра со карти на Близард интертејмент се поканети да се пријават за учество, но само првите 64 пријавени ќе добијат можност да се натпреваруваат за главната награда.

Пријавувањето за турнирот ќе започне денес (сабота, 9 април), точно во 12 часот напладне. На турнирот ќе може да учествуваат САМО 64 играчи кои први ќе се пријават со ПРАЌАЊЕ ПРИВАТНА ПОРАКА до Фејсбук страната на Гоблин друштвени игри и со пополнување на специјалниот онлајн формулар (http://goo.gl/forms/5o0zpBRL2H).

Повеќе информации за турнирот и за условите за учество и пријавување прочитајте на настанот на Фејсбук.