Гледањето на туѓите животи на социјалните медиуми нѐ прави очајни, покажува истражување

Истражување на Универзитетот на Копенхаген, објавено во весникот Cyberpsychology, Behaviour and Social Networking , покажува дека претераната употреба на социјалните медиуми може да предизвика чувство на завист.

Особено предупредува за негативното влијание на „скитањето“ на социјалните медиуми без поврзување со никого.

Истржаувањето било спроведено на повеќе од 1300 учесници, од кои повеќето биле жени. Според него, „редовната употреба на социјалните мрежи како Фејсбук може негативно да влијае на емоционалната добросостојба и задоволството од животот“.

Истражувачите предупредуваат и дека гледањето на туѓите животи на интернет создава завист и „дезориентираност на умот“, индуцирано од „нереалните социјални споредби“.

Велат дека наместо тоа, разговарањето и поврзувањето со луѓето на социјалните медиуми е многу попозитивно искуство.

Друг пристап би бил корисникот да престане да користи социјални медиуми, барем на една недела.