Германија го повлече законот со кој забранува навредување на странски лидери

Германија одлучи да аболира закон со кој се брани честа на странските лидери. Интернационалните глави на државите нема повеќе да имаат право да побараат од германската влада да ги приведува луѓето кои ги навредиле на било каков начин.

Одлуката доаѓа само неколку дена после инаугурацијата на Доналд Трамп и една година откако Ангела Меркел одобри истрага на телевизиски комичар кој напишал навредлива поема за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Германските министри се согласиле да го укинат законот „lese majeste“, кој забранува навредување на претставници од странски влади.

Министерот за правда Хеико Маас го нарече законот „застарен и непотребен“.

„Идејата за lese majeste се појави во ера која одамна помина. Веќе не припаѓа во нашиот кривичен закон“, вели тој.

Комичарот Јан Бохерман често пишува експлицитни шеги за Ергдоган, меѓу кои се спомнува и зоофилија,сексуално злоставување на деца и етничка дискриминација. Поради тоа, предизвика влошени дипломатски односи меѓу Берлин и Анкара, кога минатиот март шегите беа емитувани на германска национална телевизија.

Турскиот лидер поднесе жалба кај германскиот обвинител токму врз основа на сега укинатиот закон.

Меркел контроверзно го одобри барањето на Турција, но обвинителите подоцна ја прекинаа истрагата на Бохерман, велејќи дека има недоволно докази дека извршил било каков криминал.