[Галерија] Студентка ги прикажува навредите на Трамп кон жените преку фотографии

Ариа Вотсон, 18-годишна студентка од Орегон, не се интересирала за политика, сe` до последните претседателски избори во САД.

„Кога Трамп ја победи Клинтон, срцето ми се скрши“, вели Вотсон. Не можела да издржи да остане тивка и решила „да им помогне на луѓето да сфатат коj е навистина Доналд Трамп“.

Нејзиниот фото серијал насловен #SignedbyTrump, ги прикажува шовинистичките цитати на новиот претседател на САД насочени кон жените.

„Знам дека повеќето луѓе имаат цврсти ставови за Трамп, но се надевам дека барем една личност ќе ги види фотографиите и ќе и` се отворат очите“, додава.

Серијалот бил создаден како нејзин финален проект за предметот Вовед во фотографија во Клатсоп јавниот колеџ во Орегон.

Откако ги објавила фотографиите на Фејсбук и Инстаграм, биле отстранети. Подоцна одлучила да ги објави на Tumblr, и биле споделувани по околу 50 илјади пати на ден.