[Галерија] Неверојатни светови, производ на имагинацијата на уметникот Ерик Јохансон

Овие бизарни визуелизации можеби изгледаат како магија на прв поглед, но тие се внимателно дело на шведскиот уметник Ерик Јохансон, кој ги уредува сликите за да создаде убави и чудни колажи.

„Јас ги создавам овие слики, со цел да ја најдам врската помеѓу два секојдневни предмети на неочекуван начин“, вели Јохансон.

„Тоа е поглед во некој друг свет, оној кој е многу сличен на нашиот, но само малку чуден и различен“, додава тој.

За да се изработи еден колаж е потребно од еден месец до половина година, но процесот почнува со едноставна скица на идеја која Јохансон ја добил од неговата имагинација преточена во чист хартија.