[Галерија] Фотографија на осамен и одлучен 16-годишен мигрант прогласена за портрет на годината

Впечатливата фотографија на 16-годишниот мигрант од Мали, Амаду Сумалија, ја освои првата награда на овогодишниот конкурс „Тејлор Весинг“ за најдобар портрет.

Авторот на фотографијата е шпанскиот фоторепортер Цезар Дезфули, а сликата е направена на 1-ви август минатата година, откако мигрантот бил спасен од Средоземното Море заедно со повеќе од 100 други луѓе.

Стручното жири објаснува дека во композицијата на Дезфули, која е избалансирана и прецизна, директноста на ликот на Сумалија е впечатлив и вознемирувачки, додека портретот моќно ја прикажува неговата загуба, осаменост и одлучност.

Авторот Дезфули вели дека портретот отскокнувал од останатите поради емоцијата која ја пренесува.

„Само што е спасен од европски брод, веројатно исполнувајќи го својот сон. Сепак, неговиот поглед и однесување покажуваат страв, недоверба и неизвесност, а истовремено и одлучност и сила“, рекол Дезуфли.

Годишната награда „Тејлор Весинг“ е една од најпрестижните светски награди за фотографија, на која се прикажуваат делата на највпечатливите модерни фотографи. За наградата аплицирале 2.423 фотографи, од 66 светски земји, со вкупно 5.717 фотографии.

Во продолжение дел од најдобрите фотографии, кои до 8-ми февруари ќе бидат изложени во Националната галерија на портрети во Лондон.

Првонаградената фотографија „Амаду Сумалјиа“ / Автор: César Dezfuli/NPG

Второнаградената фотографија „Напуштање на Мосул“ / Автор: Abbie Trayler-Smith/NPG

Третата награда ја освои фотографијата „Еден од нив е човек #1“ / Автор: Maija Tammi/NPG

„Маденс фарма на ветерници“ / Автор: Catherine Hyland/NPG

„Без наслов“ / Автор: Craig Bernard/NPG

„Франсиска, Ева и Лин, Точка милион долари – Еспириту Санто“ / Автор: Jon Tonks/NPG

„Меги“ / Автор: Danny North/NPG

„Од серијалот Остров Буркини“ / Автор: Anna Boyiazis/NPG

„Пауза за ручек на градежник“ / Автор: Davey James Clarke/NPG

„Стражарите“ / Автор: Nancy Newberry/NPG

„Крадец на сендвич“ / Автор: Laurence Cartwright/NPG

„Пилешки ресторан“ / Автор: Camille Mack/NPG

„Медицинска сестра“ / Автор: Keith Bernstein/NPG

„Џенифер, Лур и Емили, Варм Спринг Крик, Ајдахо“ / Автор: NPG

„Сенто капач“ / Автор: Simon Urwin/NPG