Француските власти ги иселија децата без придружба од кампот Џунгла во Кале

Децата без придружба кои живееја во кампот Џунгла во францускиот град Кале полека се иселуваат на наредба на француските власти. Кампот веќе неколку денови наназад се евакуира и демонтира.

Околу 1500 деца без придружба сега ќе бидат префрлени во приемните центри низ Франција. Повеќе од 70 автобуси треба да ги превезуваат децата до центрите. Првиот автобус заминал од кампот во 8:30 часот, носејќи со себе 43 деца.

Повеќе од 10000 бегалци и мигранти живееја во колиби и шатори во Џунгла. Населбата беше комплетно расформирана во понеделникот навечер.

Малолетниците кои останаа во кампот привремено живееја во бродски контејнери.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд рече дека децата сега ќе бидат испратени во засебни центир, каде британските власти ќе можат да ја проверат нивната способност за добивање на азил во Велика Британија, а други ќе бидат сместени во центри и ќе добиваат социјална помош од Франција.

Британија прими повеќе од 270 деца од средината на октовмри, а вети дека ќе даде азил на стотици други. Но, Оланд ја повика премиерката Тереза Меј дека треба да направи многу повеќе за доброто на децата.