[Фото] Уличната уметност на Дејвид Зин

Дејвид Зин беше хонорарец, комерцијален илустратор повеќе од дваесет години, кога реши да земе креди во боја и да „работи“ на улиците. Неговите креации сега се препознаени насекаде – мали имагинативни и фантастични креации направени без фенси опрема, туку импровизирани во просторот, по тротоари, дупки, ѕидови… Може да се сретнат во Менхетен, села во Шведска, или сокаци во Тајван.

„Важното прашање не е кога почнав да цртам, туку кога престанав да цртам (како дете) и, уште поважно, зошто? Почнав да цртам на тротоари бидејќи мојата уметност беше неуспешна на други површини“, ќе рече Зин, кој живее во Мичиген, САД.

Според него, уметноста треба да е на улиците, особено под нашите стапала. Да е дел од нашиот редовен живот, некогаш и без да очекуваме дека ќе сретнеме колоритни креации при обична прошетка.

Ова е дел од неговата улична уметност: