„On the block“ – целодневен настан за улична уметност во МКЦ

Првиот графити настан „On the block“ е најавен за во петок, на 26 август во Младинскиот културен центар (МКЦ).  Со почеток во 16 часот, па сè до вечерните часови, настанот ќе понуди добра музика, пиење, јадење и многу цртање.

„’On the Block’ e посветен и инспириран од сите уметнички и слободоумни души, љубители на графити, стрит-арт и музика. Ќе цртаме, ќе има добра музика со најдобрите локалните диџеи и нивните ценети вештини на грамофоните и секако, ќе се пие и ќе се јаде. На сите ни треба добра забава!“, истакнуваат организаторите.

За подетална програма, посетете го Фејсбук настанот.