Премиера на краткометражниот филм „Проблемот со Тина“ на 30 јуни во Парк МКЦ

Во МКЦ парк на 30 јуни (среда) со почеток од 21 часот ќе се одржи светската премиера на „Проблемот на Тина“ – новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ.

Филмот, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на „Партизанс“, раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед.

По премиерата следува DJ set на Nastasya Kish.

Инаку, во филмот играат Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ.

Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, дизајн на тон Ненад Стефаноски и Драган Спасов, а монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Влезот е слободен, со ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk