Премиера на краткометражниот филм „Прашливи цвеќиња“ во МКЦ

Премиерата на македонскиот дебитантен и самофинансиран, краткомтражен филм на Мирослав Илиќ, премиерно ќе се прикаже на 14 мај, петок. Филмот ќе биде прикажан во Кино „Фросина“ со почеток во 20 и 30 часот.

Во „Прашливи цвеќиња“, актерската екипа ја сочинуваат Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак и Христина Цветаноска.

Влезот е бесплатен, а при проекцијата задолжително е носењето маска и одржување на физичко растојание.