Театарскиот фестивал „МОТ“ со 46 издание и програма во два блока

Од Младинскиот културен центар го најавуваат овогодишното 46 издание на фестивалот „Млад отворен театар“, информирајќи дека фестивалската програма ќе се одвива во два блока, од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември.

Фестивалот ќе опфати 26 театарски претстави со физичка изведба,

„Ова издание на МОТ е особен предизвик бидејќи се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивал во регионот, во овие несигурни времиња, кога многу фестивали се принудени да ги откажуваат своите активности. 46-от МОТ ќе биде во два блока, првиот посветен на меѓународна програма во која ни гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска и вториот на домашната независна продукција“, изјави Русе Арсов во име на тимот на МКЦ.

Фестивалската програма започнува на 18 ноември во МНТ со „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност. Претставата нема актери, а публиката може да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање.

Во рамки на МОТ, публиката ќе има можност да погледне три изведби според расказите на Румена Бужаровска – „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, а речиси истовремено се поставувше на три сцени Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ), Словенско народно гледалишче, Љубљана (СЛО) и во Драмскиот театар во Скопје. Трит

Трите режисерки, Јована Томиќ, Ивана Ѓилас и Нела Витошевиќ за прв пат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во склоп на фестивалот.

На МОТ ќе може да се погледат три продукции курирани од Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, како и изведби на Скопје танцовиот театар со „Искричаво“, Турскиот театар „Вишновата градина“ и копродукциите на Македонскиот народен театар со претставите на Ѓорѓи Јолевски „Последната лента на Крап“ и македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“ – копродукциски проект со САРТР од Сараево, БиХ, во режија на Нина Николиќ.

Фестивалот ќе биде и домаќин на ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви“ на Бранко Брезовац и Народен театар Битола и претставата „History of motherfuckers“ на Андраш Урбан.

Пред домашната публика ќе се одиграат и претставите „Theater am Lend“ со претставата „Кабли“, во која учествуваат и двајца македонски автори – Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а при крај на првиот блок ќе се претстави и  Словенско младинско гледалишче (СЛО) со претставата „Уметноста е ормар“ во режија на Иван Петернељ.

Вториот дел од МОТ почнува на 2 декември, а ќе биде посветен на независната домашна продукција, па ќе може да се погледнат претставите „Дневна доза мазохизам“ на Лука Кортина, „Модиљани“ на Сибел Абдиу, „Срам“ со Ангела Стојановска, „Вистинскиот запад“ на Борис Василески, „Паботи за кои не зборуваме“ на Нела Витошевиќ, „Три“ на Јован Ристовски“ и „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“ на Ана Батева.јована Зајкова и Бобан Русески.

Во домашниот блок ќе може да се погледнат „Пандорината кутија: Наследството на ќерката на Ришард Ниечим, „Мајсторот на спомени“ на Јане Спасиќ, „ПодГотвено“  на Дејан Спасовиќ, „Имагинарен ти“ на Блерим Дардиша  „Јовано, јованке“ на Јована Зајкопва и Бобан Русески.

46-тиот Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени, Младински културен центар (сала 25 Мај и сала Фросина), Драмски театар, Театар Комедија, МНТ и Дом на АРМ.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите ќе бидат достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ од 15 ноември (понеделник).

Сите настани ќе се одржуваат според важечките протоколи за одржување на настани.