[Фото] Средношколци медицинари мереа шеќер и притисок во Градски парк за Светскиот ден на здравјето

По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето Град Скопје во Градскиот парк организираше „Фестивал на здравјето“ на кој  учениците од медицинските струки на средните училишта и нивните ментори, вршеа бесплатно мерења на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок на посетителите.

„На повеќе штандови посетителите имаа можност да се информираат за здравиот начин на живот, да добијат здравствени совети од медицински лица, совети за здрава исхрана од нутриционисти, како и да донираат храна за лицата од ранливи категории“, велат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје