[Фото] „Работниците не се робје“ – дождот не го спречи протестот за одбрана на работничките права

Силниот дожд кој не престане да врне, не ги спречи стотиците граѓани да излезат вчера на протест и да побараат правда за работниците, по повод Меѓународниот ден на трудот. „Разбудете се, балкански работници и работнички“, „Работници и студенти, обединете се“, „Стоп за приватизацијата на јавниот простор“, беа дел од паролите кои се извикуваа за време на протестот, кој започна пред Домот на градежниците во Скопје, а продолжи пред Работничкиот универзитет, Собранието, за да заврши пред Владата. Учесниците порачаа дека го креваат гласот против погазеното достоинство на работничката класа.

Фото: Андреј Гиновски

Oрганизаторите на протестот бараат донесување на нов закон за работни односи, повлекување на измените во Законот за високо образование и на Законот за надворешни работи, нов закон за медиуми, изедначување на минималните плати.

Фото: Андреј Гиновски

Протестот го поддржаа Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), левичарското движење Солидарност, движењето за социјална правда Ленка, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАкС) и Младинската организација МУГРА.