[Фото] „Psyclean crew“ ја започна сезоната, повикува волонтери за летните психоделични фестивали

Дечките од „Psyclean crew“ својата психоделична фестивалска сезона ја стартувааа со „Hai in den Mai“ во Германија. Сега на агендата се наоѓаат девет фестивали на прекрасни локации, за кои тимот повторно бара волонтери.

Волинтерите ќе се грижат настаните под отворено небо да останат чисти и одржливи, а притоа ќе се журкаат. Добиваат посебни бенефиции во заеднички камп и уникатно фестивалско искуство.

Заинтересираните може да ги прочитаат условите и да се пријават ТУКА.

Летната сезона 2019 на тимот и волонтерите трае од од мај до септември. Меѓу другите, може да се пријавуваат за фестивалите „Psychedelic experience“ во Германија, шпанскиот транс фестивал „Lost theory“, потоа холандските  „Paradigm“ и „Psi-Fi“, германскиот „Earthquake Open Air Gathering“….

Подолу, погледнете фотографии од досегашните искуства на „Psyclen crew“: