[Фото] #НеБидиЃубре – нуркачи ги вадат автомобилските гуми од коритото на Вардар

Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачите од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, ја започнаа денешната акција за вадење на фрлените автомобилски гуми од коритото на Вардар.

Акцијата започна во близина на мостот „Гоце Делчев“, а претставува дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести која трае до 27 септември.

Нуркачите имаа полни раце работа.

Фото ФБ/Ирена Ристиќ

Фото ФБ/Ирена Ристиќ

Фото ФБ/Ирена Ристиќ