[Фото] НаТочак: Сообраќајно самоволие спроти Соборен храм

Булeвар „Партизански одреди“, спроти Соборен храм, дел од Рута 2 од проектот „Скопје Велоград 2017“ е секојдневен приказ на сообраќајно самоволие, реагираат од велосипедската иницијатива НаТочак.

Бараат од МВР да обезбедат проточен, непрекинат и безбеден пристап за нормално движење на пешаците и велосипедистите.

Од Град Скопје, пак, бараат да продолжат со поставување заштитни столпчиња на овој потег, соодветна хоризонтална и вертикална  сигнализација на патеката, за да им се овозможу слободно движење на граѓаните кои избрале незагадувачки начин на превоз.

„Во рамки на вашите декларативни заложби за намалување на загадувањето, делувајте стимулативно кон оние со еколошки транспортни навики, барем да се чувствуваат безбедно и достоинствено додека сообраќаат. Благодариме“, соопштува НаТочак.