[Фото] Лизгање со маски на лизгалиштето во загадената Битола

Членовите од Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Земи здив“ од Битола синоќа со маски се лизгаа на лизгалиштето, кое годинава е поставено во центарот на градот.

„Вечерва сакавме да #ЛизгамеСоМаски на лизгалиштето во Битола со цел да испратиме силна порака дека најбитен е квалитетот на амбиенталниот воздух кој мораме да го дишеме сите ние, а посебно нашите поколенија. Сите проекти кои вклучуваат активности на отворен простор (посебно на помладата популација) во услови кога имаме присуство на загаден воздух, се повеќе штетни отколку корисни за здравјето на нашите сограѓани.

Мораме да дишеме ЧИСТ ВОЗДУХ ако сакаме ваквата забава и ваквите спортски активности да имаат ефект врз нашето здравје и нашиот квалитет на живот“, велат од Платформата.

Вредности на AQI на државната мерна станица Битола2 во изминатите 24 часа

Синоќа воздухот во Битола беше енормно загаден, а вредности над дозволените беа мерени во текот на денешниот ден. Алармно ниво на загадување има и во повеќе македонски градови.