[Фото] Исeчени дрвјата кај МОБ поради нов „барокен“ објект

Без никаква најава, викендов започнаa подготовки за изградба на нова „барокна“ зграда во паркот кај Македонската опера и балет. На терен се сечат дрвјата на една од малкуте преостанати зелени површини во Мал Ринг, додека градежните машини ги вршат подготвителните работи за претстојниот ископ, објави Билд.

Од порталот појаснуваат дека новото административно здание ќе обезбеди канцелариски простор од 10.179 метри квадратни за вработени во државните институции, а инвеститор е Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП).

Објектот ќе има приземје, седум ката и поткровје, а инвеститорот во тендерската постапка проценил дека ќе чини 7 милиони евра.