[Фото] Идните дизајнери на мебел и ентериер ѝ се претставија на јавноста

Со над 200 цртежи и макети, студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер синоќа покажаа пред јавноста што сработиле во текот на студиите.

Ова е прва нивна изложба, која беше отворена во Музејот на Град Скопје, а ќе може да се посети до 2 јуни.

Студентите се претставија со свои дела изработени по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање – основи и реализација, Индустриски дизајн – современи движења и Резбарство.

E.П.