[Фото] Два нови мурали на Бенкси се појавија во центарот на Лондон

Анонимниот уличен уметник Бенкси направи два нови мурали, овој пат во центарот на Лондон.

Делата, во близина на Барбикан центар, го одбележуваат отворањето на изложбата на американскиот уметник Жан Мишел Баскија.

Уличниот уметник од Њујорк, кој потоа стана сликар, почина на 27-годишна возраст во 1988 година, поради сомнежи за предозирање со дрога.

На својот официјален Инстаграм профил, Бенкси ги опиша муралите како „(неофицијална) соработка“.

Покрај сликата, Бенкси напиша: „Големо ново шоу за Баскија се отвора во Барбикан – место кое нормално ги чисти сите графити од своите ѕидови“.

За вториот мурал, кој наликува на делото на Баскија од 1982 година, „Момче и куче“, Бенкси напиша: „Портрет на Баскија е добредојден од Метрополитската полиција – како (неофицијална) соработка за новото Баскија шоу“.

Изложбата ќе биде отворена на 20 септември, а од Барбикан центарот е опишана како „првата голема изложба во Велика Британија на работата на американски уметник“.