Формирана Национална алијанса на пациентски организации од земјава

По повод седумдесет и петиот светски ден на здравјето кој се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“, десет пациентски организации потпишаа документ за формирање Алијанса чија цел застапување на правата на пациентите во земјава, но и подобрување на здравствениот систем, информираат пациентските организации.

„Со оглед на нашата цел за следење на европските и светските здравствени системи и пракси, сме подготвени да споделиме нашите искуства и знаења за да го реформираме и трансформираме нашиот здравствен систем во соодветствие со најдобрите стандарди и потребите на граѓаните“, изјави претседателот на новоформираната Национална алијанса на пациентски организации (НАПО), Милан Мишковиќ.

Организации кои ја сочинуваат НАПО се: ХЕПАР Центар, НЕФРОН, Национално здружение за МС, ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, ХЕМА – ОНКО, ФЕМИНА М, САНО, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, здружение за Хронична Миелоична Леукемија, РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК.

Од Алијансата велат дека е отворена за сите други Здруженија на пациенти кои работат во областа на здравство да се приклучат и заедно да работиме за подобрување на здравствениот систем во земјава. Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани Здруженија да се приклучат кон алијансата.