„Флора VS Фауна“, изложба на современ накит во Природонаучниот музеј

Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј во Скопје од 26 до 30 септември, од 9 до 16 часот.

Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.

„Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас“, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.