Филолошки факултет „Блаже Конески“ организира дводневната работилница за дезинформации и пропаганда

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира дводневна работилница под наслов „Пропагандата во Третиот Рајх“.

Работилницата ќе се одржи на 27 и 28 февруари, во понеделник и вторник, под менторство на професорката Ирина Талевска.

„Работилницата ќе биде посветена на пропагандните стратегии во времето на нацистичка Германија како и основните медиуми за нејзино ширење. Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со основни познавања на механизмите на пропагандата и нејзиното управување со (дез)информациите“ велат од Филолошкиот факултет.

Оттаму дополнуваат дека работилницата е отворена за сите студенти на Филолошкиот факултет, а заинтересираните може да се пријават преку допис на мејлот irinatalevska@flf.ukim.edu.mk

Бројот на учесници е ограничен.