„Wonderland theatre” организира работилница за документарен театар

„Wonderland theatre“ организира работилница за документарен театар за сите заинтересирани актери или студенти по актерска игра и режија.

Работилницата ќе се одржи на 5 октомври, петок, во Македонскиот народен театар, односно во балетската сала. Работилницата ќе започне во 16 часот, а ќе трае три часа.

„Работилницата ќе биде составена од различни вежби, преку кои учесниците заеднички ќе го откриваат пристапот кон документарниот театар“, објаснуваат од „Wonderland theatre“.

Работилницата ќе биде водена од режисерката Нела Витошевиќ, и актерите Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ.

Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за присуство.