Младите уметници го одбележуваат Светскиот ден на уметноста

Денеска, 15 април, во Сули Ан ќе се одржи изложба на ликовни дела на студентите од Факултетот за ликовни уметници и повеќе други настани со кои ќе се одбележи Светскиот ден на уметноста.

Настанот е во организација на Europe House Скопје, во соработка со студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности.

Почетокот на настанот е предвиден за 14 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетители.

„Преку целодневниот настан љубителите на уметноста ќе може да  уживаат во над 40 ликовни дела на студентите од ФЛУ,  во проекциите на неколку студентски филмови од ФДУ,  перформанси, разговори за уметноста и културата… проследени со  музика“, најавуваат организаторите.

Светскиот ден на уметноста се слави секоја година на 15 април, со цел да го промовира развојот, разноликоста, распространетоста, и уживањето во уметноста. Под покровителство на УНЕСКО, денот има за цел да ја подигне свеста за креативните активности ширум светот.

Повеќе детали за истиот може да дознаете преку следниот ЛИНК.