Утре (10-ти декември) со почеток во 18 часот во Кафе и филм „Котур“ ќе бидат прикажани три филмови како дел од македонското издание на меѓународниот филмски фестивал „Movies that Matter“.
Помеѓу филмовите, ќе се одржи и панел дискусија за посетителите, со почеток од 20:30 часот, посветена на главната тема на фестивалот, човековите права. Темата на дискусијата е: „Новите генерации за човековите права“. Говорници на панел дискусијата ќе бидат: Јована Јовановска Кануркова, Стефан Дојчиновски и Даниел Евросимоски.
Во продолжение е програмата на Фестивалот:
18:00: Truth Detectives, 52 минути, режија: Anja Reiss, земја: Германија
19:00: Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД
20:30: Дискусија: „Новите генерации за човековите права“
21:30: Algo Mio, Argentina’s Stolen Children, 93 минути, режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија
Фестивалот, кој се одржува втора година по ред, го организира Младински образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, со цел да се одбележи Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.
Организаторите порачуваат дека “Movies that matter” ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експертите, уметниците, креаторите на политики, новинарите и граѓанското општество.
Филмовите се со превод на англиски јазик, а влезот е бесплатен.
Повеќе за фестивалот и филмовите на: www.mof.mk/moviesthatmatter2018