Филмски фестивал за планинско трчање во Кинотека

„Луѓе како нас 2019“ е името на Филмскиот фестивал за планинско трчање кој денес (5 декември) од 18 часот се одржува во Кинотека, во организација на Здружението „Трекс“ со поддршка на ЕХО – Фестивал на планински филм.

„Луѓе како нас“ е еднодневен филмски фестивал кој се одржува од 2014 година и на неговата неколкучасовна програма се прикажуваат филмови на тема трчање.

„Низ текот на овие години фестивалот имаше и бројни презентери од Македонија и околината и низ годините се труди да мотивира и инспирира што поголем аудиториум“, стои во соопштението за фестивалот.

Годинава на програмата ќе бидат филмовите за трките Спартатлон, Тор Де Џијантс, Виа Динарика и други кратки филмови.

Категоријата на филмови е за сите возрасти. Влезот е бесплатен.