Фестивал „АртАреа 3“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“

Со книжевни промоции, изложби на фотографии и илустрации и музички концерти ќе исполнета програмата на третиот по ред „АртАреа“ фестивал кој ќе се одржи од 24 до 26 Јануари во „Кино Култура“ – Скопје.

Во програмата на фестивалот кој е во организација на издавачката куќа „Бегемот“ ќе има и кино проекции, театарски изведби и работилници за деца.

На фестивалот ќе биде промовиран романот „Пропаст“ од бугарскиот автор Владимир Зарев, а промоција на својот нов роман за возрасни, „Девет приказни за госпоѓа Сит“, ќе има и авторката Билјана Црвенковска. Таа ќе ја води i работилницата за деца „Добредојдовте во Страшкоград“ заедно со Нита Муча.

Во склоп на фестивалот ќе има и саем на книга, кој ќе е отворен секој ден од 18 часот, а читателите ќе може да изберат од книжевната содржина на издавачките куќи „Бегемот“, „Или-или“, „Темплум“, „Готен“, „Слово“, „Табахон“, „ПНВ публикации“, „Гаврош“, „Чудна шума“ и „Антолог“.

Целата програма за фестивалот може да ја погледнете тука, а влезот, како што велат организаторите, е „муфте“.