Европскиот автобус за воведување минимален приход ќе допатува во Македонија

Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus, претстојниот викенд ќе запре во Струмица, Скопје и Делчево. Со ова, Македонија ќе се вброи во 32-те земји,  и 120-те програми кои се организирани за да се изгради свест за важноста на адекватните, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход врз целото општество, соопштија од Македонската платформа против сиромаштија.

Во секој од градовите ќе се организира настан на кој ќе се испратат пораки за намалување на сиромаштијата и барања за воведување на гарантиран #минималенприход во Македонија и достоинствен живот на граѓаните. Сите граѓани се поканети за учество во отворените дискусии и потпишување на автобусот, како и за европската петиција.

„Станете и вие дел од кампањата. Настаните се отворени и бесплатни, во центарот на секој од трите града.
Секој е подеднакво важен! Никој не заслужува помалку, сите имаат полза!“, порачуваат од Платформата.

Автобусот тргна на 24 април и неговите активности може да се следат ТУКА.